УТРО.мк

Славески повикува на паметно штедење и инвестирање преку финансиска едукација

Славески повикува на паметно штедење и инвестирање преку финансиска едукација
Vero

Скопје – Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, на Глобалниот форум за политики на Алијансата за финансиска инклузија (АФИ) во Намибија нагласи дека само финансиски писмени граѓани можат да носат исправни одлуки за штедење, задолжување и инвестирање, со што се придонесува и за стабилноста на целиот финансиски систем.

Славески истакна дека финансиската едукација и вклученост се темели на сеопфатниот економски раст и благосостојбата на општествата. Тој посочи дека дигитализацијата и финтек-иновациите нудат нови можности, но и ризици како измами, злоупотреба на лични податоци и презадолжување на домаќинствата.

Во своето обраќање, гувернерот ги претстави и активностите на Народната банка, вклучително членството во Единствената област за плаќања во евра (СЕПА) и воведувањето на основна сметка за плаќање со фиксeн надоместок, наменета за ранливите категории граѓани. Тој додаде дека во подготовка е втората Национална стратегија за финансиска едукација и инклузија.

Славески учествуваше и во панел за зголемување на економската вклученост на жените, истакнувајќи дека сеопфатниот раст е невозможен без родова еднаквост и еднакви економски можности. Народната банка ја презентираше и улогата на институцијата како национален координатор за спроведување на Кодексот за финансирање на жените претприемачи (WeFi Code), поддржан од Светската банка, ЕБОР и други меѓународни партнери.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран