Битола, 5 септември 2025 – Стопанска банка а.д. Битола најави значително намалување и делумно укинување на надоместоците за користење на банкарските услуги, кои ќе стапат на сила од 1 октомври 2025 година. Со оваа одлука, Банката ја потврдува својата заложба за поголема транспарентност и финансиска достапност за граѓаните и компаниите.
За физички лица, новите поволности вклучуваат: целосно бесплатни трансфери во рамки на Банката преку интернет или мобилно банкарство, намалување на кредитните трансфери кон други банки преку МИПС од 110 на 55 денари, намалување на трансферите на шалтер од 250 на 200 денари и укинување на еднократниот надоместок за БТ Токен апликацијата.
За правни лица, надоместоците за онлајн трансакции кон други банки преку МИПС се намалуваат за 25 %, од 120 на 90 денари, додека кредитните трансфери преку МИПС ќе чинат 280 денари по налог, наместо досегашните 320 денари.
Со овие измени, Стопанска банка а.д. Битола овозможува поедноставно, побрзо и поекономично секојдневно банкарско работење и поттикнува поголемо користење на електронските и мобилните платежни услуги.