УТРО.мк

ВИДЕО: Голем пожар во Берово – апел до граѓаните за помош

ВИДЕО: Голем пожар во Берово – апел до граѓаните за помош
Vero

Берово, 5 септември 2025 – Голем пожар беснее вечерва во беровскиот регион, при што сите расположливи пожарникари од Територијалната противпожарна единица (ТППЕ) Берово се на терен заедно со екипите од Шумската служба Малешево од Берово и Пехчево.

Огнот се шири кон населените места Градишчето и Трсавица, а поради густата брица која го опкружува регионот, постои опасност од сериозни последици доколку пожарот не се стави под контрола во најкус можен рок.

„Сите граѓани кои можат да помогнат, активно да се вклучат во гаснењето на пожарот заедно со пожарникарите и да придонесат за спречување на ширењето на огнот“, се наведува во апелот на Пекевски.

Пожарот во Берово е единствениот активен од вкупно 12 кои биле регистрирани денеска на територијата на државата заклучно со 21 часот, според податоците од Центарот за управување со кризи.

Извор: 24инфо.мк

View this post on InstagramA post shared by 24 info (@24info.mk)

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран