Нови Сад, 5 септември 2025 – Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека полициската и жандармериската интервенција на протестот во Нови Сад била изведена строго професионално. Тој нагласи дека 11 полициски службеници биле повредени додека биле нападнати „из чист мир“ додека стоеле пред Филозофскиот факултет во градот.
Според Вучиќ, на сите вечерашни протести против власта во повеќе градови во Србија се собрале вкупно 9.380 лица, од кои 7.020 во Нови Сад, каде се случиле единствените инциденти. Тој истакна дека некои учесници на протестот, носејќи фантомки и шлемови, се обиделе да ја загрозат стабилноста и безбедноста на земјата и да го заземат Филозофскиот факултет, но во тоа не успеале.
Претседателот посочи дека инцидентите се случиле и покрај присуството на претставници на Европскиот парламент.