УТРО.мк

Петар Николовски носител на советничката листа на СДСМ во Битола?

Петар Николовски носител на советничката листа на СДСМ во Битола?
Vero

Битола, 5 септември 2025 – Петар Николовски е првиот предлог за носител на советничката листа на СДСМ во Битола за претстојните локални избори, дознава „Булевар“ од партиски извори. Сепак, листата допрва треба да помине уште два партиски филтри пред да стане официјална.

Николовски, кој моментално е координатор на советничката група на СДСМ во Советот на Општина Битола, во телефонски разговор не ја негираше информацијата, но посочи дека се работи за предлог и дека постапката е сè уште во тек.

И потпретседателот на СДСМ, Методија Иливски, потврди дека листата е на ниво на предлог и дека претстојат дополнителни проверки во партиските органи.

На оваа тема не беше достапен локалниот лидер на СДСМ и кандидат за градоначалник на Битола, Методија Куновски, од кого не успеавме да добиеме коментар.

Со ова, СДСМ во Битола ја финализира кадровската структура пред стартот на кампањата, а останува да се види дали Николовски и официјално ќе ја предводи советничката листа.

Извор: Тера.мк

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран