Скопје – На претстојните локални избори, Катерина Цаневска ќе биде носител на советничката листа на СДСМ за Град Скопје, потврди лидерот на партијата, Венко Филипче, за „Слободен печат“.
– За носител на градската листа ја избравме госпоѓата Катерина Цаневска, која е искусен и кредибилен човек, новинар со долгогодишно искуство во скопската хроника и искусна во соработката со локалната власт. Таа е личност која може на граѓаните да им ги презентира програмските цели на партијата – изјави Филипче.
Цаневска има долгогодишно искуство во новинарството, а потоа работеше како одговорна за односи со јавност во Општина Центар во мандатот на градоначалникот Андреј Жерновски, како и во кабинетот на поранешниот претседател Стево Пендаровски.