УТРО.мк

Денес ќе може да го набљудуваме затемнувањето на Месечината

Денес ќе може да го набљудуваме затемнувањето на Месечината
Vero

Денес, 7 септември, од Македонија ќе може да се набљудува реткиот феномен целосно затемнување на Месечината, но само делумно, зависно од временските услови. Според Скопското астрономско друштво, ефектот ќе биде видлив само ако времето биде ведро и без многу облаци.

Гледано од Скопје, Месечината ќе изгрее над источниот хоризонт веќе делумно затемнета. Со текот на времето, нејзината боја ќе станува сè потемна, добивајќи црвеникави нијанси.

За љубителите на астрономијата, Скопското астрономско друштво ќе постави два телескопа на плоштад „Македонија“ во центарот на градот, каде што околу 19 часот ќе биде можна набљудувањето на полузатемнената Месечина.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран