Скопје – Во касарната „Илинден“ утре ќе се изврши почесна артилериска стрелба по повод 8 Септември – Денот на независноста, информираа од Генералштабот на Армијата.
Во 18 часот е предвидена пробна стрелба со еден плотун од шест артилериски орудија, додека главната почесна стрелба ќе се одржи во 19 часот со истрелување на 10 плотуни од шест артилериски орудија.
Од Генералштабот истакнуваат дека почесната стрелба е дел од протоколарните активности на Армијата за одбележување на државни празници, со цел достоинствено одбележување на Денот на независноста.