УТРО.мк

Укината забраната за сообраќај на патниот правец Лисец – Попова Шапка

Укината забраната за сообраќај на патниот правец Лисец – Попова Шапка
Vero

Укината е забраната за сообраќај на тешки товарни возила и автобуси на патниот правец од село Лисец кон Попова Шапка, информираат од надлежните служби.


Забраната претходно беше воведена поради врнежи од снег и отежнати зимски услови на коловозот, со цел да се зголеми безбедноста на учесниците во сообраќајот. По подобрување на временските услови и расчистување на патот, сообраќајот сега се одвива без ограничувања за сите категории возила.


Од ЈП „Македонијапат“ апелираат возачите да возат внимателно, да ја почитуваат поставената сигнализација и брзината да ја прилагодат на условите на патот, бидејќи на повисоките места и натаму се можни влажни коловози и остатоци од кашест снег.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран