УТРО.мк

ВИДЕО: Хаос во Кичево по  поројните дождови – градот се претвори во река за неколку минути – снимките од дрон ја покажуваат катастрофата

ВИДЕО: Хаос во Кичево по  поројните дождови – градот се претвори во река за неколку минути – снимките од дрон ја покажуваат катастрофата
Vero

Апокалиптични сцени од Кичево се шират на социјалните мрежи откако обилните врнежи предизвикаа излевање на голема количина вода и поплавување на улици, дворови и станбени објекти. На видеата се гледа како поројни води се движат низ населени места, носејќи кал и отпад и создавајќи сериозни штети.


Според информациите, водата навлегла во подруми и приземја на куќи, додека дел од улиците станале непроодни. Жителите сведочат дека нивото на водата се зголемило за многу кратко време, принудувајќи дел од семејствата да ги напуштат своите домови.


Локалните власти формираа кризен штаб, а на терен се ангажирани противпожарни екипи, комунални служби и Црвениот крст. Во најкритичните делови на градот се спроведуваше евакуација на жители и им беше обезбедена привремена помош – храна, вода и средства за хигиена.


Поплавени се повеќе станбени објекти, дворови и земјоделски површини, а најпогодени се населбите во близина на реките кои излегоа од коритата поради наглиот пораст на водостојот.


Надлежните предупредуваат дека поради натопениот терен постои можност за нови излевања и апелираат граѓаните да бидат внимателни и да ги следат препораките на службите.


Состојбата на теренот се следи континуирано, а по повлекувањето на водата ќе се врши проценка на материјалната штета.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран