УТРО.мк

ФОТО – ПОТОП ВО ПОВЕЌЕ РЕГИОНИ ВО ДРЖАВАТА: Евакуирани граѓани во Кичево, поплави во Скопско, Тетовско и Гостиварско

ФОТО – ПОТОП ВО ПОВЕЌЕ РЕГИОНИ ВО ДРЖАВАТА: Евакуирани граѓани во Кичево, поплави во Скопско, Тетовско и Гостиварско
Vero

Обилните врнежи што ја зафатија земјава предизвикаа поплави и излевања на реки во повеќе региони, при што најкритична е состојбата во Кичево, каде беа евакуирани жители од поплавените домови.


Во кичевскиот регион, по излевањето на Зајашка Река, поплавени се повеќе куќи и дворови, а дополнително се пријавени уште десетици зафатени семејни објекти. Евакуирани се стари лица, деца и изнемоштени жители од најпогодените домови, кои се згрижени на безбедно.


Според податоците од надлежните, околу 180 лица биле евакуирани и сместени во спортската сала „Христо Узунов“, каде им е обезбедена храна, вода и основни средства.


Поплави се регистрирани и во гостиварскиот регион, каде вода навлезе во куќи, подруми и стопански објекти во Гостивар, Врапчиште и Маврово и Ростуше. Во селото Беловиште биле извлечени лица заглавени во поплавен објект, додека во Форино излевањето на Вардар зафати земјоделски површини и создаде ризик за објектите во близина на мостот.


Интервенции имаше и во скопскиот и тетовскиот регион поради поплавени улици, подруми и одрони, а на терен се ангажирани екипи на општинските служби, полицијата, Дирекцијата за заштита и спасување и Црвениот крст.


Надлежните апелираат граѓаните да бидат внимателни, да избегнуваат движење во близина на надојдени реки и да ги следат препораките на институциите, бидејќи врнежите и натаму продолжуваат и состојбата се следи.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран