УТРО.мк

Истражување на EduBirdie: Младите од Генерацијата Z повеќе го сакаат спиењето отколку секс со партнерот

Истражување на EduBirdie: Младите од Генерацијата Z повеќе го сакаат спиењето отколку секс со партнерот
Vero

Дури 67 проценти од младите од Генерацијата Z повеќе би избрале добар сон отколку интимна вечер со партнер, покажува најновото истражување спроведено од платформата EduBirdie.


Анкетата била реализирана во февруари 2026 година врз примерок од 2.000 испитаници родени помеѓу 1997 и 2012 година. Резултатите укажуваат дека приоритетите на младите значително се променети, при што на прво место се стабилната работа (64%), личните достигнувања (59%), пријателствата (50%) и времето поминато сами со себе (46%).
И покрај ваквите резултати, истражувањето покажува дека 37 проценти од испитаниците изјавиле дека се сексуално активни.


Според авторите на студијата, причините за ваквите трендови се поврзани со зголемениот стрес, дигиталниот начин на живот, фокусот на кариерата и менталното здравје, како и потребата од квалитетен одмор.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран