УТРО.мк

Декларацијата за независност на Македонија – симбол на решителноста на еден народ

Декларацијата за независност на Македонија – симбол на решителноста на еден народ
Vero

Државниот архив на Република Северна Македонија со емотивна објава потсети на историското значење на 1991 година – периодот кога беа поставени темелите на македонската државност и независност.

Во фокусот на нивното соопштение е Декларацијата за независност, документ кој, како што истакнуваат, не бил создаден со модерна технологија, туку со силна волја и убеденост во иднината. Наместо во современи услови, текстот бил напишан на обична машина за куцање, што денес претставува симбол на едноставноста и решителноста на времето.

Од Архивот нагласуваат дека токму таа машина станала симбол на народната стремеж за слобода, покажувајќи дека желбата за независност била посилна од сите ограничувања.

Според институцијата, Декларацијата не треба да се гледа само како административен акт, туку како живо сведоштво за историскиот момент кога македонските пратеници ја преточиле вековната желба за сопствена држава во реалност.

„Овој документ е доказ дека независноста е резултат на истрајност, верба и длабока желба за слобода“, наведуваат од Архивот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран