
На 13 февруари 2026 година во 10:10 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода 33-годишниот П.Ј. од Росоман, под сомнение дека извршил кражба.
Според информациите од полицијата, тој се товари дека од нива во село Крушевица, во општина Росоман, со употреба на подесен алат одзел фотоволтаични панели.























