УТРО.мк

Рубио од Минхен: Време е за нов почеток на Западот

Рубио од Минхен: Време е за нов почеток на Западот
Vero

Американскиот државен секретар Марко Рубио на Минхенската безбедносна конференција порача дека Соединетите Американски Држави и Европа се длабоко поврзани и дека нивната заедничка иднина е нераскинлива.

Во својот говор, Рубио нагласи дека трансатлантските односи остануваат клучни, истакнувајќи дека „САД и Европа си припаѓаат едни на други“, испраќајќи порака за заедништво во време на зголемени геополитички предизвици.

Сепак, тој упати остри критики кон досегашните западни политики, повикувајќи на темелна реформа на меѓународните институции и нов пристап кон економијата, енергетиката и миграцијата. Според него, идејата за свет без граници, која се развила по падот на Берлинскиот ѕид, била „опасна заблуда“ што не ја земала предвид историската реалност.

Рубио посочи дека додека другите земји ги зајакнуваат своите економии и инвестираат во традиционални извори на енергија, Западот, како што рече, постепено го губи својот суверенитет. Особено ги критикуваше климатските политики, оценувајќи дека тие можат да имаат негативни последици врз економијата.

Тој се осврна и на прашањето за миграцијата, предупредувајќи дека масовните миграциски текови претставуваат сериозен предизвик за иднината на западните општества.

Говорејќи во контекст на актуелната американска политика под водство на претседателот Доналд Трамп, Рубио порача дека САД се подготвени да преземат водечка улога во обновата на Западот.

„Подготвени сме, ако е потребно, да дејствуваме и самостојно, но претпочитаме тоа да го направиме заедно со Европа“, изјави тој.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран