
Дел од корисниците во скопските општини Центар, Кисела Вода и Аеродром утре, четврток, 22 октомври 2026 година, ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини во снабдувањето.
Во Центар, од 09:00 до 14:30 часот, без струја ќе бидат делови од улицата „20 Октомври“ и дел од улицата „Владимир Полежиновски“.
Во Кисела Вода, прекин е најавен на улицата „Христо Татарчев 22“, во периодот од 09:00 до 13:00 часот.
Во Аеродром, од 09:00 до 14:00 часот, без напојување ќе останат корисниците на улицата „Љупка Џундева“ во Горно Лисиче, на потегот од крстосницата со „Тодор Чангов“ кон „Тодор Чангов – подулица 20“. Според најавата, на оваа локација ќе се врши реконструкција на нисконапонската мрежа.























