УТРО.мк

Утре без струја делови од пет скопски општини: Објавен распоредот на исклучувања

Утре без струја делови од пет скопски општини: Објавен распоредот на исклучувања
Vero

Дел од корисниците во Чаир, Сопиште, Аеродром, Кисела Вода и Бутел утре, среда, 21 октомври 2026 година, ќе останат без електрична енергија поради планирани прекини во снабдувањето.

Во Чаир, од 08:00 до 11:30 часот, без струја ќе бидат делови од улиците „Славеј Планина“, „Прохор Пчински“ и „Јоаким Крчовски“.

Во општина Сопиште, од 09:00 до 12:00 часот, прекинот ќе ги опфати корисниците во Горно Соње, од црквата „Св. Никола“ нагоре.

Во Аеродром, од 09:00 до 14:00 часот, без напојување ќе останат корисниците на улиците „Ѓорѓи Капчев 31“, „Ристо Аврамовски“ и „Димитар Солев“. Во најавата е наведено дека ќе се врши реконструкција на нисконапонската мрежа.

Во Кисела Вода, од 09:00 до 12:00 часот, без електрична енергија ќе бидат фирмата „СТХ ДОО Скопје“, во кругот на Стаклара, и дел од околните објекти.

Во Радишани, во општина Бутел, од 09:00 до 13:00 часот, прекин ќе има за дел од корисниците на улицата „Боро Кралевски“.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран