
Дел од корисниците во општините Гази Баба и Илинден утре, вторник, 20 октомври 2026 година, ќе останат без електрична енергија поради планирани работи на електродистрибутивната мрежа и трафостаниците.
Во Сингелиќ, во општина Гази Баба, најавени се следните прекини:
- Од08:00 до 11:30 часот– дел од улицата „Палмиро Тољати“.
- Од08:00 до 13:00 часот– улицата „Среќко Пужалка“, од број50 до 60А, со можност да бидат опфатени и дополнителни куќи на истата улица.
- Од11:30 до 14:30 часот– дел од улицата „Палмиро Тољати“.
- Од12:00 до 14:00 часот– улицата „Среќко Пужалка“, од број30 до 35А, со можност прекинот да опфати и дополнителни куќи на улицата.
Во општина Илинден, без струја ќе бидат:
- Од09:00 до 13:00 часот– корисниците на улиците„2“, „3“ и „406“ во населбата Јака.
- Од09:30 до 13:30 часот– корисниците на улиците„510“ и „526“ во Марино.
Според објавениот распоред, прекините се поврзани со реконструкција на нисконапонската мрежа и одржување на електроенергетската опрема.























