
Повеќе населени места во тетовскиот регион утре, вторник, 20 октомври 2026 година, ќе бидат опфатени со планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија.
Од 08:30 до 09:15 часот, без струја ќе останат дел од населбата Деребој, Порој, Џепчиште, населбата Фуштанска, Фалише, Стримница, Добарце, Долна Лешница, Горна Лешница, Ларце, Чифлик и дел од Желино кај училиштето.
Во периодот од 08:45 до 10:30 часот, прекин е најавен во Гајре и Лисец, како и за сите објекти на Попова Шапка и малите хидроелектроцентрали.
Од 09:00 до 14:00 часот, без електрична енергија ќе биде дел од Долни Челопек.
Во истиот термин, од 09:00 до 14:00 часот, прекин ќе има и во дел од Брвеница, кај објектите во близина на ресторанот „Електра“.























