УТРО.мк

НОВИ ДЕТАЛИ за обидот за двојно убиство во Скопје

НОВИ ДЕТАЛИ за обидот за двојно убиство во Скопје
Vero

Основното јавно обвинителство Скопје соопшти дека двајца од тројцата турски државјани осомничени за обид за убиство биле уапсени на граничниот премин „Блаце“, а третиот успеал да избега во Косово.

Според Обвинителството, еден од осомничените им помогнал на другите двајца да стигнат до станот во кој престојувале сонародници на улицата „Прашка“ во Скопје. Тој им ја покажал точната локација на зградата и им ја дал шифрата за влез.

„Осомничените влегле во станот и со повеќе убоди со нож со умисла се обиделе да го лишат од живот еден од оштетените. Другиот се обидувал да ги оттргне, но и тој бил повреден во раката. Потоа сите тројца осомничени се обиделе веднаш да ја напуштат државата преку граничниот премин Блаце. 

Двајца биле запрени и приведени и за нив е поднесен предлог за определување мерка притвор. Еден од осомничените, односно помагачот, според информациите од граничните власти, успеал да избега на Косово и за него надлежниот јавен обвинител предложи притвор од пронаоѓање и лишување од слобода, а со цел за него да биде распишана меѓународна потерница“, соопшти Обвинителството.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран