УТРО.мк

Видео на социјалните мрежи го откри: Малолетник возел мотоцикл на едно тркало во Штип

Видео на социјалните мрежи го откри: Малолетник возел мотоцикл на едно тркало во Штип
Vero

Полицијата идентификуваше 16-годишник од штипско, откако на социјалните мрежи беше објавено видео на кое се гледа како управува мотоцикл на едно тркало, загрозувајќи ја безбедноста во сообраќајот.

Според МВР, видеото било објавено на 15 октомври, а полициски службеници од СВР Штип го пронашле малолетникот на 18 октомври. Со него бил извршен службен разговор во присуство на родител.

При проверките било утврдено дека малолетникот го управувал мотоциклот пред да се стекне со право на управување.

За случајот е известен јавен обвинител. По неговото целосно документирање, против малолетникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран