УТРО.мк

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар
Vero

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека промовирањето на семејните вредности и поддршката за многудетните семејства се важни за економската иднина на Македонија. Според него, демографските предизвици бараат длабинска анализа, а недостигот од работници може да стане уште поголем.

Мицкоски ја коментираше изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски дека до 2030 година на земјата годишно ќе ѝ бидат потребни 50.000 странски работници за да го задржи сегашното ниво на бруто-домашниот производ.

„Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, за жал македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар“, истакна премиерот.

Одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на проектот за набавка на 100 нови амбулантни возила, Мицкоски потсети дека и претходно зборувал за фертилитетот и семејните политики, поради што, како што рече, бил критикуван.

Тој оцени дека бројката што ја посочил Николоски можеби е потценета и дека за одржување на економската активност би можеле да бидат потребни уште повеќе работници.

Како пример ја наведе Западна Европа, каде што, според него, државите издаваат голем број работни дозволи за мигранти за да го одржат производството и економскиот раст.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран