УТРО.мк

Кривична пријава против поранешниот директор – Ова се деталите

Кривична пријава против поранешниот директор – Ова се деталите
Vero

Штета од речиси 11 милиони денари по основ на казнена камата ѝ била нанесена на АД „Пошта на Северна Македонија“, поради непостапување по одлуки за исплата на долгови кон две правни лица. За случајот, Управата за финансиска полиција поднела кривична пријава против поранешниот генерален директор на државната пошта, Ј.М., поради сомнение за злоупотреба на службената положба и овластување.

Според информациите од Финансиската полиција, пријавениот во периодот од 2021 до 2022 година не презел дејствија за реализација на одлуките и заклучоците на Управниот одбор за исплата на парични обврски кон две правни лица во вкупен износ од 19.292.984 денари.

Иако му биле доставени потребните документи за исплата, поранешниот директор, според наводите во пријавата, не ја потпишал спогодбата за исплата на долгот, не ги потврдил фактурите и не ги потпишал налозите за плаќање.

Со ваквото постапување, како што наведуваат од Управата за финансиска полиција, било овозможено против друштвото да бидат поведени судски постапки. По нивното завршување, со судски пресуди биле утврдени дополнителни обврски за плаќање казнена камата.

На тој начин, според пријавата, на АД „Пошта на Северна Македонија“ ѝ била предизвикана штета од 10.968.483 денари по основ на казнена камата.

Кривичната пријава против поранешниот генерален директор и претседател на Управниот одбор е поднесена до Основното јавно обвинителство Скопје за кривично дело „Злоупотреба на службената положба и овластување“, предвидено во член 353 од Кривичниот законик.

Извор: 4news

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран