УТРО.мк

Напад со огнено оружје во Сарај: Маж повреден од оштетениот прозорец на автомобилот

Напад со огнено оружје во Сарај: Маж повреден од оштетениот прозорец на автомобилот
Vero

Маж е повреден во раката откако утрово било пукано кон неговиот автомобил во близина на маркет во скопското село Сарај. Полицијата трага по лицето што пукало.

Според информациите од МВР пренесени од ТВ21, случајот бил пријавен во СВР Скопје денеска во 09:50 часот. М.И. пријавил дека околу 09:30 часот, додека се наоѓал во патничко возило „туран“, едно лице пукало со огнено оружје кон него.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и пронашле четири чаури од пиштолска муниција.

М.И. добил повреда на раката од оштетениот прозорец на автомобилот, поради што била известена Итната медицинска помош.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран