УТРО.мк

Дрога, пиштоли и пушки запленети во голема акција: Приведени 16 лица низ Македонија

Дрога, пиштоли и пушки запленети во голема акција: Приведени 16 лица низ Македонија
Vero

Шеснаесет лица се лишени од слобода, а поднесени се 11 кривични пријави во засилена полициска акција спроведена на 16 и 17 октомври низ државата, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Акцијата била насочена кон сузбивање на криминалот, со посебен акцент на недозволената трговија со дрога и нелегалното поседување оружје. Ја спровел Одделот за криминалистичка полиција во координација со сите сектори за внатрешни работи и Единицата за службени кучиња.

При 47 претреси во домови и помошни простории, полицијата пронашла и одзела поголема количина марихуана и повеќе пакувања кокаин, меѓу кои и помали пакувања подготвени за понатамошна продажба.

Пронајдени биле и пиштоли, пушки, разновидна муниција, парични средства и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривични дела.

Кривичните пријави се поднесени за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, како и за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Од МВР најавуваат продолжување на активностите за откривање и санкционирање на криминалот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран