УТРО.мк

Првични резултати од ДИК: Радичевски од ВМРО – ДПМНЕ со убедливо водство влегува во вториот круг

Првични резултати од ДИК: Радичевски од ВМРО – ДПМНЕ со убедливо водство влегува во вториот круг
Vero

Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“ освои најмногу гласови на предвремените избори за градоначалник на Општина Брвеница. Според првичните резултати по обработката на сите 24 избирачки места, тој доби 2.943 гласа, односно 38,90 отсто.

Во вториот круг негов противкандидат ќе биде Аркин Јахиј од Националната алијанса за интеграција, кој освои 2.152 гласа, односно 28,45 отсто. Разликата меѓу двајцата кандидати изнесува 791 глас.

На третото место е Јакуп Хусеини од ВЛЕН со 1.528 гласа, односно 20,20 отсто, додека Јовица Радески од СДСМ доби 706 гласа, или 9,33 отсто.

Кандидатот предложен од група избирачи, Душан Богдановски, освои 55 гласа, односно 0,73 отсто, а Арифе Идризи доби 21 глас, или 0,28 отсто.

Според последниот податок за излезноста до 18:30 часот, гласале 7.241 граѓанин, односно 44,57 отсто. Овој податок се однесува на периодот пред затворањето на избирачките места и не претставува конечна излезност.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран