УТРО.мк

Радичевски со огромна предност, според првичните неофицијални резултати

Радичевски со огромна предност, според првичните неофицијални резултати
Vero

Стојанчо Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ и Јахији од ДУИ одат во втор круг на изборите за градоначалник на Општина Брвеница, според првичните неофицијални информации.

Радичевски освоил 2.960 гласа, додека Јахији има 1.820 гласа. Разликата изнесува 1.140 гласа во корист на кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.

Според пресекот на Државната изборна комисија до 18:30 часот, во Брвеница гласале 7.241 граѓанин, односно излезноста изнесувала 44,57 отсто. Податоците се однесуваат на сите 24 избирачки места во општината.

Неофицијалните резултати и пласманот на двајцата кандидати во вториот круг треба да бидат потврдени од надлежните изборни органи.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран