УТРО.мк

Се заменува водоводна мрежа стара над 40 години на улицата „Димитар Тодоровски“ во Битола

Се заменува водоводна мрежа стара над 40 години на улицата „Димитар Тодоровски“ во Битола
Vero

Започна реконструкцијата на водоводната мрежа на улицата „Димитар Тодоровски“ во Битола. Зафатот предвидува целосна замена на постојната водоводна линија, вклучително и сите приклучоци до крајните потрошувачи, информираат од ЈКП „Водовод“ – Битола.

Дотраената мрежа, изградена од лиено-железни цевки пред повеќе од 40 години, ќе биде заменета со нови полиетиленски цевки. Од претпријатието посочуваат дека замената треба да обезбеди поголема трајност на мрежата и посигурно и поефикасно водоснабдување.

Реконструкцијата е дел од активностите на ЈКП „Водовод“ – Битола за обновување и модернизација на водоводната инфраструктура. Целта, според претпријатието, е намалување на загубите на вода и обезбедување квалитетно и одржливо водоснабдување за граѓаните.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран