
Шестгодишно дете се здобило со тешки телесни повреди во сообраќајна несреќа меѓу автомобил и електричен тротинет, што се случила на крстосницата на улиците „Лек Дукаѓини“ и „Клинска Леса“ во Скопје.
Според Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 19 октомври во 18:05 часот. Во неа учествувале автомобил „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управуван од З.Б. (22) од Скопје, и електричен тротинет управуван од 11-годишен малолетник.
Повреденото шестгодишно дете било сопатник на тротинетот. Тешките телесни повреди му биле констатирани во Ургентниот центар при комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Скопје.























