УТРО.мк

Утре без струја повеќе делови од Тетово и околината: Прекини и на Попова Шапка

Утре без струја повеќе делови од Тетово и околината: Прекини и на Попова Шапка
Vero

Планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија се најавени за утре, четврток, 22 октомври 2026 година, во повеќе делови од Тетово и околните населени места.

Од 09:15 до 14:15 часот, без струја ќе остане дел од населбата Горно Маало, кај објектите што се наоѓаат кон месноста Бањиче.

Во периодот од 09:30 до 10:30 часот, прекинот ќе ги опфати објектите кај Стара млекара, населбата Фуштанска, селото Порој, населбата Циглана и селото Ѓермо. Без напојување во истиот термин ќе бидат и објектите на Млин Порој, „Згими“, „Нера Пласт“, „Микели“, „Сувафикс“ и ХПП „Брза Вода“.

Од 11:00 до 13:00 часот, без електрична енергија ќе останат ски-центарот Попова Шапка и селата Гајре и Лисец.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Horoskop Lotarija
Филигран