
Во СВР Скопје, на 14 февруари 2026 година во 01:30 часот, 31-годишниот О.А. од село Сарај пријавил дека бил жртва на напад на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје.
Според пријавата, инцидентот се случил на 13 февруари околу 23:20 часот пред сместувачки објект, додека бил заедно со неговата девојка. Во тој момент, две непознати лица му се приближиле, по што едно од нив физички го нападнало.
Напаѓачот, како што се наведува, му се заканувал и со пиштол, пред да го напушти местото на настанот.























