
Шеесетгодишна скопјанка пријавила во полиција дека била физички нападната на автобуска постојка во централното градско подрачје.
Според информациите од МВР, нападот се случил на 12 февруари околу 06:50 часот, кога жената била нападната од друго женско лице додека чекала автобус.
Случајот бил пријавен два дена подоцна во СВР Скопје, по што полицијата започнала со преземање мерки за расчистување на настанот и утврдување на идентитетот на напаѓачката.






















