
На 11.02.2026 во 17:30 часот на крстосница на ул.„Благоја Тоска“ со ул.„ЈНА“ во Тетово, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово го лишиле од слобода Е.Р.(28) од с.Голема Речица, тетовско. При сообраќајна контрола било констатирано дека управувал патничко моторно возило „опел“ со тетовски регистарски ознаки без возачка дозвола. Возилото било привремено одземено и по документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.























