
Музејот во Битола официјално отпочна нова фаза на меѓународна соработка со експерти од Општина Бурса, Турција, побратимски град на Битола од 1995 година. Дводневната посета беше посветена на планирање и договарање на идни проекти кои ќе се реализираат во просториите на музејот.
Средбите со турската делегација, иницирани и координирани од г. Рамазан Тезџан, беа насочени кон размена на експертиза и идеи за идни културни и образовни проекти, со цел да се збогати музејската понуда и да се подобри инфраструктурата на институцијата.
Во рамки на посетата, гостите од Бурса беа сместени во апартманите Station FORTY-FOUR, кои ја обезбедија потребната поддршка и гостопримство за турската делегација.























