
Националната установа „Охридско лето“ повторно ја потврди својата позиција на светската културна сцена, овојпат со освоената престижна меѓународна награда „Да за уметноста“ на 11. издание на Интернационалниот театарски фестивал во Истанбул, Турција. Признанието доаѓа како чест за висококвалитетната програма на 65. издание на фестивалот, кој со децении е синоним за музичко-сценски екселентен доживување.
Директорот на фестивалот, Ѓорѓи Цуцковски, истакнува дека ова е прво такво меѓународно признание за „Охридско лето“ и дека успехот не е личен, туку плод на посветената работа на целиот тим, уметниците и институциите кои го поддржуваат фестивалот. „Наградата потврдува дека се движиме во вистинска насока — со јасна визија, висок уметнички квалитет и силна меѓународна афирмација“, вели Цуцковски.























