УТРО.мк

Освои олимписки медал, па призна неверство: „Ја изневерив љубовта на животот“

Освои олимписки медал, па призна неверство: „Ја изневерив љубовта на животот“
Vero

Норвешкиот биатлонец Стурла Холм Леграјд ја шокираше јавноста кога, веднаш по освојувањето на бронзениот медал на Зимските олимписки игри во Италија, јавно призна дека ја изневерил својата девојка.

28-годишниот спортист беше преплавен од емоции додека зборуваше пред камерите за она што го нарече најголемата грешка во својот живот. Леграјд денеска освои бронзен медал во поединечната трка на 20 километри во биатлон, но наместо да слави, ја искористи телевизиската платформа за да ја признае својата грешка.

„Пред шест месеци ја запознав љубовта на мојот живот, а пред три месеци ја изневерив“, рече Леграјд. Тој објасни дека и сè ѝ призна на девојката пред една недела, што според него, бил најтешкиот период во неговиот живот.

„Имав злато во животот… Само неа ја гледам. Спортот ми беше на втор план во последните неколку дена. Би сакал да можам да го споделам ова со неа“, додаде норвешкиот олимпиец.

Леграјд нагласи дека сака да биде добар пример, но дека човек мора да признае кога прави грешка која повредува некого кого навистина сака. Тој исто така призна дека не е сигурен дали ќе добие нова шанса за љубов, но е подготвен на сè за да ја поправи штетата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран