УТРО.мк

Обемна полициска акција во Белград: Запленети 8 килограми кокаин, експлозив и снајпер

Обемна полициска акција во Белград: Запленети 8 килограми кокаин, експлозив и снајпер
Vero

Во обемна акција спроведена од Одделот за криминалистичка полиција, Полициската управа за Белград и Вишото јавно обвинителство, синоќа се приведени три лица осомничени за трговија со дрога и неовластено поседување оружје и експлозив, потврдија извори за „Телеграф.рс“.

При претресите на локациите користени од осомничените, полицијата заплени околу осум килограми кокаин со висока чистота, чија пазарна вредност се проценува на десетици илјади евра. Покрај тоа, пронајден е и арсенал на оружје и специјална опрема, што упатува на можност групата да подготвувала потешки кривични дела.

Меѓу запленетите предмети се наоѓаат два килограма експлозив, неколку рачни гранати, снајперска пушка со придружна опрема, силиконски маски за прикривање на идентитет, микро камери, дрон и полициски ознаки. Извори блиски до истрагата велат дека ваквата опрема укажува на високо организирана криминална група, а не само на класична трговија со дрога.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран