УТРО.мк

Ескалација на протестите во Тирана: Судири, повредени полицајци и десетици приведени

Ескалација на протестите во Тирана: Судири, повредени полицајци и десетици приведени
Vero

Антивладиниот протест во Тирана прерасна во жестоки судири меѓу демонстранти и полицијата, откако дел од учесниците се обидоа насилно да се доближат до објектот каде што се наоѓа канцеларијата на премиерот Еди Рама. Опозицијата бара негова оставка поради обвинувања за корупција.

Протестот, организиран од здружената опозиција предводена од Демократската партија, започнал мирно во центарот на албанската престолнина. Сепак, во вечерните часови ситуацијата ескалирала кога група демонстранти почнала да фрла огномет и запаливи средства кон зградата на владините институции.

Полицијата интервенирала со водни топови и солзавец, а во централното градско подрачје биле распоредени околу 1.400 припадници на безбедносните сили.

Според официјалните податоци, приведени се 21 лице, меѓу кои и четворица тинејџери. Запленети се 22 неексплодирани запаливи направи и шишиња со запалива течност. Во судирите се повредени најмалку 16 полицајци, додека локалните медиуми јавуваат и за повредени демонстранти, без прецизирани бројки. Во текот на немирите било опожарено и возило на телевизијата ABC.

Демонстрантите извикувале пароли со кои барале оставка од премиерот Рама, како и од вицепремиерката и министерка за инфраструктура Белинда Балуку, против која се води постапка од Специјалното обвинителство за борба против корупција и организиран криминал.

Лидерот на опозицијата Сали Бериша изјави дека протестите ќе продолжат сè додека не се постигне политичко решение, оценувајќи дека актуелната власт ја довела земјата во длабока криза. Од владејачката Социјалистичка партија, пак, порачаа дека нападите врз полицијата претставуваат напад врз институциите и државата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран