
Поголем дел од Тетово утре (12.02.2026) ќе остане без електрична енергија поради планирани прекини во снабдувањето со струја.
Според најавата, прекините ќе се реализираат во повеќе делови од градот во периодот од 09:00 до 14:00 часот, а на одредени локации од 09:30 до 14:00 часот.
Без струја ќе бидат објекти во близина на т.н. Кула на Поплавени, околу Југоисточен Европски Универзитет на патот кон наплатната рампа кон Гостивар, како и делови позади Веро и спроти Стариот спортски центар.
Планиран прекин е најавен и за објекти на патот за Фалише во близина на Кипер маркет.
Покрај Тетово, без електрична енергија од 09:30 до 14:45 часот ќе биде и селото Групчин.
Надлежните апелираат граѓаните навреме да ги планираат своите обврски согласно најавените прекини.























