УТРО.мк

(ВИДЕО) Бизарна кражба во Турција: Со виљушкар влетал во златарница, украл злато и побегнал на магаре

(ВИДЕО) Бизарна кражба во Турција: Со виљушкар влетал во златарница, украл злато и побегнал на магаре
Vero

Необичен грабеж се случил во Турција, каде маж со виљушкар влетал во златарница, украл околу 150 грама злато, а потоа побегнал – јавајќи магаре.


Според локалните медиуми, осомничениот најпрво со виљушкар ја оштетил влезната врата од златарницата и насилно влегол во објектот. За кратко време зел златен накит со вкупна тежина од приближно 150 грама, по што го напуштил местото на настанот.


Она што ја прави кражбата особено необична е начинот на бегство. Наместо со моторно возило, осомничениот избегал јавајќи магаре, што било забележано и од безбедносните камери во близина.


Полицијата започнала истрага за случајот и работи на идентификација и пронаоѓање на сторителот. Засега не се соопштуваат дополнителни детали за настанот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран