УТРО.мк

Неколку наставници и ученици повредени во вооружен напад во училиште на Тајланд, има и заложници

Неколку наставници и ученици повредени во вооружен напад во училиште на Тајланд, има и заложници
Vero

Во тајландската покраина Сонгкла, близу границата со Малезија, паника завладеа во училишниот комплекс „Патонг Пратан Кири Вит“ откако вооружен напаѓач отвори оган врз наставници и ученици. Според локалните медиуми, неколку лица се повредени, а стотици ученици бегале од училишниот двор кон околните патишта, обидувајќи се да се спасат.

Сведоци раскажуваат дека дел од наставниците и учениците останале заробени во училишните простории, додека полицијата од округот Хат Јаи се обидува да воспостави контакт со напаѓачот и да преговара за нивното ослободување. Еден од обезбедувачите кој успеал да избега од нападот опиша за медиумите драматични сцени: „Куршумот ме изгреба во стомакот, но успеав да избегам. Директорот беше застрелан. Сè уште има деца кои ги држи како заложници.“

Според првичните информации, напаѓачот е 18-годишно момче кое претходно предизвикувало проблеми дома. Локалната полиција потврди дека пред нападот добила пријави за негово агресивно и заканувачко однесување кон мајката во семејната куќа, што се наоѓа во близина на училиштето.

На местото на настанот се распоредени силни полициски единици и специјални тимови, кои ја опколија училиштето и се обидуваат да го стават нападот под контрола. Граѓаните се предупредени да ја избегнуваат областа, додека трае евакуација на лицата кои се засолнети во безбедните простории на комплексот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран