
Американската Федерална управа за авијација (FAA) издаде необична и итна наредба за Меѓународниот аеродром Ел Пасо во Тексас, наложувајќи стопирање на сите летови во наредните десет дена. Причината – „посебни безбедносни закани“ – кои го поставуваат воздушниот простор околу аеродромот во статус на „национален одбранбен воздушен простор“.
Според NOTAM-от, пилотите кои ќе го игнорираат забраната ризикуваат да бидат пресретнати, задржани и испрашувани од безбедносните служби. Во најекстремни случаи, владата предупредува дека може да се користи и „смртоносна сила“ против летала што се сметаат за непосредна закана.
Забраната се однесува на сите летови кон и од Ел Пасо, важи за висина до 5.500 метри (околу 18.000 стапки) и е во сила до 21 февруари, 6:30 часот UTC. Ограничувањето ја опфаќа зона со радиус од 10 наутички милји (околу 18,5 километри), вклучувајќи го и близок воен аеродром, Бигс. NOTAM-от е категоричен: „Ниту еден пилот не смее да управува со летало во овие подрачја.“























