
На 10.02.2026 во 16:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека од објект во изградба на подрачјето на Центар, односно каде се изведувале градежни работи за подземен булевар, во период од еден месец се одземени бакарни кабли со должина од два километри и вредност од околу 200.000 евра.
По преземени мерки, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Т. М.(68) од Скопје, вработен како обезбедување на објектот.























