УТРО.мк

ВИДЕО – Вооружен инцидент во училиште во јужен Тајланд: 18-годишен ученик повреди ученици и наставници со огнено оружје

ВИДЕО – Вооружен инцидент во училиште во јужен Тајланд: 18-годишен ученик повреди ученици и наставници со огнено оружје
Vero

Во градот Хат Јаи, во јужниот дел на Тајланд, денеска се случил вооружен инцидент во средно училиште, при што биле повредени повеќе ученици и наставници.


Според информациите на локалните власти, напаѓачот бил 18-годишен ученик кој отворил оган во училиштето. Полицијата брзо реагирала и го привела осомничениот. Во инцидентот, како што соопштуваат надлежните, бил погоден и директорот на училиштето.


Повредените се пренесени во болница, а нивната здравствена состојба засега не е целосно прецизирана. Полицијата спроведува истрага за мотивите и околностите под кои се случил нападот.


Надлежните институции повикаа на смиреност додека трае истрагата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран