
Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре (12.02.2026) без струја ќе останат делови од скопските општини Кисела Вода и Ѓорче Петров, како и населеното место Говрлево.
Во општина Кисела Вода, од 08:00 до 13:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од дел од улицата „Архитект Сотир Томовски“.
Во Говрлево, прекинот е најавен од 09:00 до 11:00 часот.
Во општина Ѓорче Петров, од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат корисниците на улица 101 во Волково.























