УТРО.мк

Интензивно уредување на зелените површини во Ново Лисиче

Интензивно уредување на зелените површини во Ново Лисиче
Vero

Меѓу станбените згради и во непосредна близина на булеварот „Видое Смилевски-Бато“ во Ново Лисиче, комуналните екипи на Општина Аеродром започнаа обемна акција за хортикултурно уредување. По подолг период, оваа фреквентна локација добива нов живот преку засадување декоративни растенија, цвеќиња и тревни површини, со што се создава просторно решение кое нуди пријатна и уредна атмосфера за жителите и минувачите.

„Целта е создавање чисти и уредни јавни простори кои ќе ја подобрат секојдневната околина“, истакнаа од Општината. Новите зелени површини и цветните аранжмани значително го разубавуваат просторот, овозможувајќи пријатно движење и свежа визија на урбаното јадро на населбата.

Покрај новото зеленило, во изминатиот период целосно беше заменет и плочникот, обезбедувајќи безбеден и функционален простор за пешаците.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран