
Општина Битола го објави јавниот повик за доделување на финансиски средства од Буџетот на општина Битола на здруженија на граѓани и фондации за 2026 година.
Распределбата на средствата за здруженијата/фондации од Буџетот на општина Битола во висина од 500.000,00 денари (петстотини илјади денари) се врши преку грантови за проекти во приоритетни области и цели кои се однесуваат на: локален економски развој, образование, култура, здравство, екологија и социјална заштита.
Временската рамка за спроведување на проектите е до крајот на фискалната година, односно до 31.12.2026 година.
Висината на финансиските средства кои можат да се добијат за поединечен проект на здружение/фондација изнесуваат најмногу до 50.000 денари.
Документацијата се доставува до Општина Битола-Комисија за финансии и буџет, Булевар ,,1-ви Мај“ бр.61, во рок од 15 дена, почнувајќи од 10.02.2026 година, заклучно со 24.02.2026 година.
Повеќе на следниот линк: https://www.bitola.gov.mk/povik-zdruzenija-na-gragjani-i-fondacii/
…























