УТРО.мк

Современ апарат за ментална рехабилитација дониран на Општата болница во Кочани

Современ апарат за ментална рехабилитација дониран на Општата болница во Кочани
Vero

Во знак на поддршка за заедницата погодена од трагичниот пожар во Кочани, Фондацијата „Заедно за едно“, основана од Македонската банкарска асоцијација, вчера го предаде на употреба новиот апарат за длабока транскранијална магнетна стимулација (Deep TMS) во ЈЗУ Општа болница Кочани.

Овој високотехнолошки медицински уред претставува клинички докажан, неинвазивен метод за невростимулација, кој помага во подобрување на менталното здравје и психолошката стабилност на пациентите. Апаратот ќе биде користен не само за директно повредените од пожарот, туку и за семејствата, блиските и пошироката заедница кои секојдневно се соочуваат со последиците од траумата. Уредот ќе го користи обучен медицински кадар според строгите протоколи на болницата.

„Заздравувањето не се мери само со физичката рехабилитација. Менталното здравје, достоинството и квалитетот на живот се исто толку важни. Оваа донација е наш начин да покажеме дека сме тука за заедницата, долгорочно и навремено“, изјавија од Фондацијата „Заедно за едно“.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран