УТРО.мк

Божиновска најавува засилена соработка со ОН за одржлив развој

Божиновска најавува засилена соработка со ОН за одржлив развој
Vero

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари значајна средба со постојаната координаторка на Обединетите нации, Рита Колумбија, посветена на зајакнување на соработката за одржлив развој.

На средбата се дискутираше за имплементацијата на Рамката за одржлив развој 2026–2030, со посебен фокус на енергетската транзиција, климатската акција и заштитата на природните ресурси.

Божиновска нагласи дека жените и младите се клучни носители на промени, иновации и лидерство во енергетскиот сектор. „Заедно создаваме отпорно, инклузивно и одржливо општество – без никој да биде изоставен“, истакна таа.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран