УТРО.мк

Комерцијална банка разгледува можност за странски стратегиски инвеститор оваа година

Комерцијална банка разгледува можност за странски стратегиски инвеститор оваа година
Vero

Потенцијалната инвестиција на реномиран меѓународен финансиски бренд во македонскиот банкарски сектор доби нов импулс, откако менаџментот на „Комерцијална банка“ АД Скопје во својот финансиски план за 2026 година ја истакна можноста за привлекување странски стратегиски инвеститор како една од приоритетните цели.

„Доколку акционерите обезбедат контролен пакет и дефинираат соодветни параметри, банката ќе преземе активности за привлекување потенцијален странски партнер“, се наведува во документот кој ги дефинира мерките и активностите на банката за наредната година.

Оваа иницијатива следи по успешната 2025 година, кога Комерцијална банка ја оствари својата деловна програма и најави исплата на дивиденда во бруто износ од 50 милиони евра, што се преведува на 1.350 денари по акција. Предлогот ќе помине низ Управниот и Надзорниот одбор, пред да биде одобрен на Собранието на акционери.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран